X
 02.08.2016 Култура

Стратегијата на Данска против фрлање на храната

Повеќе од третина од храната се расипува или завршува во ѓубре. Една активистка од Данска смета пронајде решение со кое може „да се спаси човештвото“. Дел од решението е и борбата против „неиндетификуваните замрзнати објекти“.

 

данска


„Храната е љубов. Кога фрламе храна, фрламе љубов“, вели Селина Јул, страсна активистка од Данска. Работата на нејзините невладини организации „Stop Spild Af Mad“ („Стоп за фрлањето на храната“) придонесе оваа мала земја да преземе огромен чекор: во последните шест години количината на расипани и фрлени прехранбени производи е намалена за четвртина.

Се' повеќе маркети во Данска на своите полици и во своите фрижидери имаат издвоено делови каде по пониска цена може да се најдат производи чиј рок на траење истекува наскоро или се' она што не се смета како роба од прва рака. Апликацијата за паметни телефони „Too God To Go“ ги прикажува рестораните или пекарите на кои пред крајот на работното време им останала храна која во друг случај би завршила во ѓубре.

„Ѓубрето не е секогаш ѓубре“


Селина Јул ги повикува луѓето да ги избегнат така наречените неидентификувани замрзнати објекти. За нив го користи акронимот UFO (Unindentified Frozen Object), кој изворно настанал за опишување на неиндентификувани летечки објекти (Unindentified Flying Object). „Секој втор Данец во својот фрижидер има UFO. Тоа е причината поради која покренавме кампања за потрошувачите барем еднаш да ѕирнат во нивните фрижидери и да јадат UFO.

Ова се само дел од мерките со кои Данска се бори против фрлањето и расипувањето на храната. Оваа држава со 5.7 милиони жители има преземено повеќе иницијативи отколку било која друга земја во Европа. Жителите на Данска за поголемиот дел од успехот на ова поле треба да ѝ се заблагодарат на Селена Јул и нејзината организација. Таа во Данска стана национален симбол. Оваа година ја доби наградата која се доделува на највлијателните жени во економијата, а пред две години беше прогласена за жена на годината во Данска.

Јул претставува инспирација за милиони луѓе. „Започнавме да ги инспирираме луѓето, а тие започнаа со индустриите и ланците на супермаркети, кантините и рестораните со што иницијативата постојано расте“, вели таа. Јул би сакала иницијативата да ги помине границите на Данска и да го реализира нејзиниот сон: грижата за намирниците да донесе мир во светот.

Фрлањето храна е катастрофално и за животната средина. Земјоделието е одговорно за речиси четвртина од емисиите на стакленички гасови, и зазема повеќе од една третина од плодната површина, а троши 70% од корисната вода. Фрлањето на храна предизвикува економска штета од 850 милијарди евра годишно, со што се зголемуваат емисиите на стакленички гасови за 8%, проценува Агенцијата за храна на ОН. Доколку не се промени нешто во однос на храната, работите ќе бидат полоши бидејќи се очекува до средината на овој век светската популација да се зголеми на 9.6 милијарди луѓе. „Ѓубрето не е секогаш ѓубре. Неговото намалување е клучно за опстанокот на цивилизацијата“, вели Селина.

 

храна


„Коалиција“ за храна


„Едноставно, не постои причина толку храна да се уништува“, вели Ендру Стир, претседател на Светскиот институт за ресурси, истражувачка организација која се занимава со одржливо користење на ресурсите, а организацијата е активна во повеќе од 50 земји. „Моменталното производство на храна е непотребен трошок“, вели Сти. Тој заедно со неговите соработници направиле стандард со кој го измериле залудното фрлање на прехранбени производи, и сега тврдат: се' што може да се измери статистички, може и подобро да се организира. „Мораме да делуваме систематски за да имаме успех во намалувањето на фрлањето храна“.

Светскиот институт за ресурси успеа да ја наметне својата идеја кај значајни институции. Еден од овие партнери е Форумот за широка потрошувачка, здружение кое го сочинуваат 400 најголеми трговци на прехранбени производи од 70 земји. Тие годишно продаваат роба со вкупна вредност од 2.5 милијарди евра. Светската асоцијација на фармери и бројни светски влади стојат позади целите на ОН со коии се планира намалувањето на отпадоците од храна.

Се разбира, и Копенхаген е дел од оваа коалиција. Во „Зеленото Кралство“ Данска, освен животната средина прашањето за храната одамна е сфатено како прашање за парите. Рационалното користење е заштеда на парите. Во септември оваа држава ќе започне со фонд чија единствена задача ќе биде финансиска поддршка за проекти насочени во борбата против фрлањето на храната. Годишно ќе бидат вложени околу 670.000 евра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура