X
 24.08.2016 Култура

Последиците од забраната за носење на бурка во германските училишта

Германското здружение за образование и наука предупредува за последиците од забраната за носење на бурка во училиште.
 
бурка


18- годишна девојка решава спор на суд откако во нејзиното училиште била предупредена дека нема да може да доаѓа на часови ако носи никаб (превез со кој се откриени само очите). Судот веднаш пресудил во корист на училиштето.

Германското здружение за образование и наука излегло со изјава дека пресудата е во погрешна насока. Од Здружението образложиле дека не може да се исклучат жените од образованието само поради таа причина. Девојките што се целосно покриени обично се од многу конзервативни семејства и единствениот контакт со млади на нивна возраст го имаат токму на училиште.

„За време на часовите почнуваат да развиваат самодоверба, што е неопходна за да го тргнат превезот од семејната традиција. Жените наставници треба да бидат пример и да ја претставуваат државата. Бурката или никабот не оди во комбинација со тоа“ – изјавила Илка Хофман, претставник од здружението.

Забранувањето на бурката е тема на жестоки дебати во Германија, бидејќи конзервативните партии (ЦДУ и СДП) даваат предлози за забрана на одредени јавни места како дел од дескусиите за анти-тероризам. Министерот за внатрешни работи Томас де Мизиер од ЦДУ изјавил дека ја поддржува забраната на бурката во училиштата и универзитетите, судот и државните институции. Ангела Меркел пак, изјавила дека е речиси невозможно носењето на бурка да се интегрира во германското општество. Предлогот е критикуван и обележан како тема што го одвлекува вниманието од вистинските проблеми.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура