X
 26.08.2016 Култура

Најлошата идеја претворена во бизнис вреден 30 милиони долари

После лансирањето на е-трговската веб страната од гаражата на Пол Сандерс во 2009 година, еLuxurySupply.com денес е четвртата најбрзо растечка компанија во Америка. Минатата година компанијата направи повеќе од 30 милиони долари во продажба.

 

компанија


Продавајќи луксузни чаршафи и постелини не била нова идеја. Всушност, Сандерс вели дека за него ова била најлошата идеја. Но, откако ги потрошил тешко заработените пари на нова постелнина за неговата жена, кои на крај испаднале дека имаат навистина лош квалитет, знаел дека тој може да ги подобри работите.

Сандерс поминал повеќе од две години работејќи на веб страната која првично ја нарекол „Exceptionalsheets.com“, пред да даде отказ од неговото работно место во 2012 година. „Производите започнаа да зафаќаат голем дел од просторот во мојот дом пред да се преселиме во магацин со големина од 800 метри квадратни во 2013 година. Како што бизнисот растеше, ние гледавме какви ќе бидат временските услови за да го искористиме и паркингот“, раскажува Сандерс.

Производите за брзо време се прошириле подалеку од само постелнина и чаршафи - сега компанијата продава илјадници различни предмети за бањи, домови и градини како и душеци. И покрај тоа што започнал со моделот „директно до клиентот“, денес оваа компанија има растечки бизнис со присуство во хотелски синџири како „Mariott“, како и владини договори за воени касарни.

Kомпанијата е пред своите конкуренти во е-трговијата уште во почетокот на 2014 година кога стана производител, после купувањето на најголемиот снабдувач на душеци во Тенеси, „Regency Pad“.

„Влеговме во производството бидејќи моравме. Стануваше збор за производ кој се продаваше толку многу што не можевме да обезбедиме доволно извори за производство. Затоа ја презедовме контролата над синџирот на снабдување“, вели генералниот менаџер Џеф Кокс.

И покрај повисоките капитални барања за влегување во бизнис на производството, компанијата продолжи со растот на продажбата. Сандерс неодамна доби капитална понуда, меѓутоа финансирањето на почетокот не било воопшто лесно за компанијата. Сандерс бил одбиен од 10 банки пред конечно да добие заем за изнајмување на првиот магацински простор.

„Една мала семејна банка ни излезе во пресрет и ни даде кредит“, вели Сандерс. Банката им позајмила кредит од 250.000 долари, а една година подоцна, компанијата зеде дополнителни 2.9 милиони евра заем - оттогаш компанијата се прошири во Велика Британија, Канада и Европа, а наскоро започнува и во Јапонија.

Сандерс вели дека дефиницијата за успех на компанијата произлегува од оригиналниот речник на Вебстер од 1806 година: дарежлива, просперитетна и љубезна личност. „Се грижиме еден за друг и се обидуваме да бидеме праведни кон нашите клиенти и нашето општество“, вели Сандерс.

„Ако работите тука тогаш причината е тоа што имате повисока цел; не е само продажбата на постелнини“, вели Кокс кој се придружи на компанијата оваа компанија.

„Е-трговијата се менува многу брзо. За шест години ќе биде различно. Се обидуваме да изградиме тим кој е доста прилагодлив и кој може да продолжи да учи“, додава тој...
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура