X
 18.07.2018 Култура

Седум најдобри бизнис-книги за ова лето



Најдобрите книги за ова лето би требало да бидат информативни и забавни – оние што ќе ве направат да се чувствувате поинформирано, а истовремено да бидат интересни за читање. Психолози, директори и други бизнис-експерти споделија кои книги ќе бидат популарни ова лето кај читателите:


Рафтови со книги
(Фото: Pixabay)


Everybody Lies, Seth Stephens-Davidowitz

Авторот е економист од „Харвард“ и поранешен вработен во „Гугл“, експерт во областа истражување на податоци. Во оваа книга тој пишува за значењето на податоците – како и на кои начини тие можат да се искористат. Тој тврди дека можете да ја предвидите стапката на невработеност врз основа на пребарувањата на интернет во врска со порнографија. А алгоритмот на „Нетфликс“ тоа го знае подобро од вас самите.

Barking Up the Wrong Tree, Eric Barker

Веќе неколку години наназад Баркер води супер-успешен блог со ист наслов, каде што ги споделува своите знаења за социјалната психологија која им помага на читателите да се изборат со секојдневните предизвици. Тој на шеговит начин, низ анегдоти, но и преку користење научни истражувања се обидува да ги разбие распространетите митови околу науката за успех.

Insight, Tasha Eurich

Таша е организациски психолог и им помага на луѓето да ги надминат проблемите со кои се соочуваат на патот кон професионалниот успех – а повеќето од нив што бараат помош, не се свесни за сопствените недостатоци и грешки. Главна тема на оваа книга е свеста за себе, затоа што таа е пресудна за успех на работното место – особено ако се наоѓате на раководна позиција. Секое поглавје има пример од некој нејзин клиент, како и релевантно научно истражување, а завршува со практична вежба што читателите можат да ја применат и во секојдневниот живот.

The New Rules of Work, Alexandra Cavoulacos, Kathryn Minshew

Кавулакос и Миншју се основачи и директорки на многу популарен и угледен портал за вработување и совети за на работа – The Muse. Во книгата се презентирани најважните лекции што ги научиле за време на пронаоѓањето и градењето кариера од соништата. Не само што ве охрабруваат да ѝ праќате е-пораки на вашата компанија од соништата туку и ви даваат образец – како би требало да изгледа таквата порака.

Wild Ride, Adam Lashinsky

Оваа книга зборува за подемот на „Убер“, пред падот за кој моментално сите сведочиме. Лашински истражувал како „Убер“ станала една од водечките компании во светот.

Popular, Mitch Prinstein

Ако сметате дека популарноста е важна само во средношколските денови, се лажете. Ова мислење го дели и доктор Мич Принстајн, психолог на Универзитетот „Северна Каролина“. Во книгата се содржани неговите (изменети) предавања, каде што објаснува дека постојат два вида популарност: допадливост и статус. На крајот, ќе сфатите дека вашата среќа и успех биле формирани уште во детството, врз основа на овие два вида популарност. И сè уште не е доцна да го промените тоа.

Hit Makers, Derek Thompson

Дерек Томпсон, уредник на списанието The Atlantic, сака да ни покаже дека идејата „да се биде вирален“ предизвикала многу едноставно видување на тоа од што се состои еден „хит“. Тој темелно поаѓа од „производство“ на поп-сензации, како њузфидот на Фејсбук го формира националниот дискурс и како Доналд Трамп го избрал патот да стане претседател на САД.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура