X
 28.08.2016 Технологија

Хакерите кои стојат позади пробивањето на ајфонот

Што знаеме за таинствената NSO група? Многу малку, меѓутоа сето тоа се менува.  Групата е всушност израелска компанија во американска сопственост, специјализира во креирање на она што се нарекува алатка против криминалот и тероризмот.

 

хакери


Групата се најде на насловните страни на медиумите откако создаде малициозен софтвер способен за пробивање на било кој ајфон со еден допир на екранот.

Адвокатот за човекови права Ахмед Мансур бил мета на нападите кога на неговиот ајфон добил порака која му ветувала „тајни“ за тортурата која се случувала во затворите во Обединетите Арапски Емирати.

Доколку тој кликнел на линкот, тогаш телефонот ќе му бил пробиен и голем број приватни податоци: текстуални пораки, фотографии, податоци за локацијата и слично би паднале во рацете на хакерите.

За среќа, тој не го направил тоа и ја пријавил пораката до експертите кои пак ја анализирале и откриле дека станува збор за едно од најсофистицираните сајбер оружја некогаш откриено.

Според Индексот за надзорна индустрија, NSO била основана во 2010 година со седиште во Херцлија, атрактивен град северно од Тел Авив, познат како кластер за технолошки старт-апови. Групата најверојатно била основана од елитната 8200 единица за разузнавање, финансирана од израелската армија.

Според „Forbes“, 8200 единица за разузнавање била вклучена во обезбедување стручност и финансии за „Stuxnet“, сајбер напад врз Иран кој бил заеднички проект меѓу Америка и Израел.

Во 2015 година, сопствениците на „NSO“ групата барале купувач за компанијата, која ја продавале за неверојатни 1 милијарда долари. Продажбата на сајбер алатки до владите не е никаква тајна - во соопштение објавено како одговор на тврдењата дека стојат позади нападот на телефонот на Мансур, портпаролот на „NSO“ групата изјави: „Компанијата врши продажба само на овластени владини агенции и работи во согласност со строгите закони и прописи за извоз“.

Меѓутоа компанијата не дава детали за тоа кои се нејзините клиенти и што точно овие клиенти купуваат од неа, меѓутоа изјави дека нема никаква контрола врз тоа како се користат продадените алатки и за која цел.

Во едно од ретките интервјуа, ко-основачот на „NSO“, Омри Лави, вели дека нивните напади не би оставиле трага.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија