X
 29.08.2016 Култура

Бијонсе - апсолутен победник на MTV MVA наградите

Синоќа најпопуларните ѕвезди од светската музичка сцена се собраа по повод доделувањето на наградите MTV VMA.

 

1


Со 11 номинации и 8 освоени награди, Бијонсе синоќа беше апсолутна победничка на церемонијата на MTV наградите која се одржа во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Наградата видео на годината ја освои Бијонсе со „Formation“ како и наградата за најдобро женско видео за песната „Hold up“. Бијонсе ја собра наградата и за најдобро поп видео како и најдобра кореографија, и освои уште четири награди во други категории.

Наградата за најдобро машко видео отиде во рацете на Келвин Харис, наградата за најдобра соработка ја добија Fift Harmony и Ty Dolla $ign и песната „Work from home“. Најдоброто хип видео припадна на Дрејк со „Hotline Bling“, а наградата за најдобро рок видео отиде во рацете на Twenty one pilots за песната „Heathens“. Целосната листа на победници можете да ја погледнете тука.




ГАЛЕРИЈА: Црвениот тепих и изведбите за време на церемонијата

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура