X
 31.08.2016 Живот

Временска прогноза... Од утре дестабилизација на времето

Денес е среда, 31 август 2016 година, 244-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:53, а ќе зајде во 19:02 часот. Денот ќе трае 13 часа и 17 минути.

Во овие рани утрински часови во Македонија имаме претежно сончево и топло време, а долж повардарието има и појава на доумерен северозападен ветер кој во текот на денот ќе слабее.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Во попладневните часови се очекува појава на локална облачност која што во крајните северозападни, североисточните и југоисточни предели може да услови сосема слаби и локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 10 до 21 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 25 односно до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ – Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло, попладне со појава на локална облачност. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна до 32 степени. Ув индексот ќе има вредност 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во четврток преодна дестабилизација на времето. Во утринските и претпладневните часови претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста која во западните и југозападните предели, како и во југоисточните и источните предели ќе услови нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици. Максималните температури од 23 до 33 степени. Во петок претежно сончево со локална облачност и температури од 22 до 32 степени. Во сабота и недела не очекуваат посвежи утра со утрински температури кои ќе се движат од 9 до 17 степени, во текот на денот претежно сончево со максимални температури од 21 до 31 степен во сабота, односно од 22 до 32 степени во недела.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот