X
 05.09.2016 Живот

Лет без турбуленции - одлична вест за страшливците од летање

Научниците од варшавскиот универзитет открија технологија која ќе стави крај на турбленциите при авионските летови. Станува збор за системот Aircraft Meteorological Dana Relay, кој всушност веќе е вграден во авионските системи наменети за предвидување на турбуленциите.

Досега, справувањето со турбуленциите при авио-летовите беше работа на пилотите и  зависеше од нивното искуство и подготвеност за справување со истите. Најновите истражувања покажуваат дека сепак турбуленциите можат предвреме да се откријат благодарејќи на новите технологии.

Научниците од универзитетот во Варшава, на веќе постоечките вградени системи, развија дополнителна можност  која со помош на логаритми,  испраќа релевантни податоци за атмосферските промени до пилотот на секои четири секунди. Ваквиот тест покажа дека оваа технологија би можела да ги спречи турбуленциите при летањето, бидејќи му овозможува на пилотите време од 100 секунди  успешно да ги избегнат.


Авион
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот