X
 06.09.2016 Култура

Како изгледал просечен источногермански стан

Популарниот музеј на Источна Германија во Берлин, на својата редовна поставка додаде и нова содржина - оддел каде  посетителите имаат можност за непосреден  увид во  секојдневниот живот во тмурните источногермански висококатници.

Новиот интерактивен оддел ги враќа туристите назад во социјалистичката реалност во осумдесеттите години, пред падот на берлинскиот ѕид, кога луѓето живееја во облакодери во кои сите станови беа идентични, во сиви бои и тесен простор.

Во музејот е поставен комплетно наместен стан во источногермански стил. Посетителите во дневниот престој можат на телевизорот да следат комунистички пропагандни програми и да се восхитуваат на погледот преку прозорецот кој гледа во друг идентичен облакодер.

Овој комерцијален музеј во Берлин е сместен на брегот на реката Шпреја , во близина на останатите државни музеи. Познат е по многуте интерактивни содржини во кои се доловува животот во времето на Големиот Брат, кога луѓето живееја под секакви притисоци и ограничувања.

Влезницата во музејот чини 9,5 евра.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура