X
 10.09.2016 Култура

Најубавите планини во светот

Кога ќе погледнеме во планините сфаќаме колку всушност сме мали. Планините пленат со својата убавина, висина и богата природа. Стоејќи на врвот од планина, се чувствуваме моќно, особено вљубениците во планинарењето, за кои секоја планина е нов предизвик и место за освојување.

Постојат неколку планини кои воодушевуваат со својот изглед но и масивност.

1. Матерхорн, Швајцарија

Една од најпознатите планини во швајцарија, која е нивен препознатлив белег. Раскошни убавини, но и опасни патеки, кои се вистински предзвик за планинарите.

2. Денали, Алјаска

Прекрасен поглед. Секоја година се организираат туристички посети на оваа убавица. Голема височина и површина која навистина изгледа магично.

3. Киркјуфел, Исланд

Не е висока планина, но изгледа како вајана скулптура. Доста интересно место, кое има уникатна убавина. Се работи за едно од најпосетените места во Исланд и е вистинска туристичка атракција.

4. Тејбл Планина, Јужна Африка

И оваа планина не е многу висока, но е единствена ваква планина која е препознатлива по само првото видување. Се издига спроти море, а погледот од врвот е неверојатен.

5. Ама Даблам, Непал

Големи, остри карпи ја карактеризираат оваа планина. ојасно се гледаат кога на нив има снег. Се протега на 6856 метри надморска височина, а за првпат се искачиле на врвот планинаи во 1961 година.

6. Моунт Ејгер, Швајцарија

Голем број планинари исчезнале откако се речиле да го искачат врвот. Опасна, но и прекрасна, планина карактеристична за Швајцарија.

7. Мачапучаре, Хималаи

Оваа планина плени со необична убавина и се наоѓа на 7000 метри надморска височина. Името во превод значи црна риба. Речиси скеогаш е целосно прекриена со снег.

8. Спектар, Антартик

Покриена со снег, остри врвови, опасна, убава, речиси совршена планина.

9. Алпамајо, Перу

Потсетува на пирамиди. Единствена планина на светот која има ваква форма и карактеристики. Во 1966 била прогласена за најпосакувана планина за искачување.

10. Фуџи, Јапонија

Ова е највисоката планина во Јапонија. Совршена вулканска форма - планина која е навистина позната во светот како свето место.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура