X
 17.04.2015 Култура

Најважните работи кои моментално се случуваат во светот

За брзо и едноставно снаоѓање во морето на информации, прочитајте ја листата на вести кои моментално се актуелни низ светот.

 

informacii


1. ЕУ го тужи Google поради монопол


Европската унија формално испрати тужба до Google во два случаи на злоупотреба на монополистичката положба на европскиот пазар на пребарувачи. Google е обвинет за саботирање на линковите за страните за шопинг на конкурентите.

2. Министер за финансии дал оставка поради корупција


Министерот за финансии на бразилската влада дал оставка откако бил осомничен за корупција. Тој е обвинет за примање на валкани пари од договорот меѓу нафтените менаџер и компанија за градежништво.

3. Протестира против европските банки


Еден 21 годишен демонстрант ја прекина прес-конференцијата во Европската централна банка вчера и скокнала на масата пред директорот на банката Марио Драги, обвинувајќи ја банката за диктатура.

4. Се превртиле кога ги виделе спасувачите

Емигрантите кои вчера преживеале бродолом на вчерашната обала на Либија, во кој загинале 400 лица, предизвикале бродот да се преврти поради големата возбуда кога ги виделе спасувачите.

5. Јапонија е најголем кредитор на Америка

Јапонија ја презеде улогата на најголем кредитор на Америка за прв пат од 2008 година.

6. Годишнина од потонувањето на траект во кој загинале 300 луѓе

Јужнокорејскиот претседател Парк Ген-Хје ветил дека ќе се преземат мерки за потопениот траект „Sweol“ да се извади од морето во најкраток можен период. Денес е годишнината од оваа голема трагедија во која пред една година загинале 300 лица, воглавно деца на училишна возраст.

7. Во Мексико украдени радиоактивни материјали

Неколку мексикански држави будно ја следат ситуацијата откако крадци украле смртоносен радиоактивен материјал.

8. Поддржувач на Јанукович пронајден мртов

Олег Калашников, поранешен член во украинскиот парламент и поддржувач на поранешниот претседател Виктор Јанукович, бил пронајден убиен во својот дом во Киев.

9. Иран вети помош за запирање на војната во Јемен

Мохамед Џавад Зариф, иранскиот министер за надворешни работи, вети дека ќе го искористи неговото влијание за да се заврши војната во Јемен.

10. Европа мора да го реши проблемот со смртта на емигрантите

Европските земји се најдоа под голем притисок од организациите за човечки права кои порачуваат дека мора да се реши проблемот со страдањето на голем број емигранти, откако вчера околу 400 луѓе загинале во обид да стигнат до Европа.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура