X
 29.09.2016 Живот

Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена

Денес е четврток, 29 септември 2016 година, 273-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:23, а ќе зајде во 18:22 часот. Денот ќе трае 11 часа и 59 минути.

Продолжува стабилното и ведро време во Македонија, а со тоа и студените утра, така е и ова утро, насекаде имаме ведро и свежо време.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во денес имаме уште едно студено утро со утрински температури кои ќе се движат од 0 до 10 степени и ќе бидат пониски од просечните за овој период од годината, а локално ќе има и појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево и потопло време со дневни температури кои ќе бидат повисоки од денешните и ќе се движат од 17 до 27 степени. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер. УВ индексот ќе има вредност 5.

СКОПЈЕ – Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе биде сончево и потопло времето. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 25 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок и сабота сончево и топло време со благ пораст на температурите, утринските од 2 до 12 степени, а максималните дневни ќе се движат од 19 до 30 степени во петок, односно од 21 до 31 степен во сабота. Во недела претежно сончево со локална облачност и топло време. Утринските температури од 5 до 15 степени, додека пак максималните дневни од 22 до 32 степени. Во понеделнник сончево и топло време со дневни температури кои ќе се движат од 21 до 31 степен.

Weather4all.coim.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот