X
 02.10.2016 Култура

Унгарците вработуваат "ловци на мигранти" за плата од 710 евра

Унгарската полиција објавилa оглас за вработување на 3.000 "ловци на  мигранти" кои би им помогале на околу 10.000 полицајци и војници, кои во моментот патролираат на границата со Србија, засилени со бодликава жица, за да се спречи влегувањето на мигрантите.

“Новите вработени, како и полициските службеници, ќе имаат пиштоли со вистински куршуми, солзавец, пендреци, лисици и заштитна опрема“- пренесува Би-Би-Си.

Бројот на мигранти кои се обидуваат да ја преминат унгарско-српската граница, во моментов стагнира на помалку од 200 на ден.


ловци


Новите чувари ќе почнат да работат во мај следната година, но пред тоа треба да се подложат на шестмесечна обука, соопштила полицијата.

Кандидатите мора да бидат постари од 18 години, во добра физичка состојба и мора да поминат психолошки тест, изјавил за унгарската државна телевизија, полицаецот Zsolt Požgaj и додал дека чуварите првите два месеци ќе земаат плата од 150.000 форинти (или 480 евра), а потоа 220.300 форинти (или околу 710 евра).

Погледајте го видеото на унгарскиот десничар, кој меѓу првите ја промовирал оваа идеја:


  Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура