X
 26.02.2016 Технологија

Аплицирајте за Јава талент програмата на Сеавус


 
Софтверската компанија Сеавус објавува нов циклус обуки за Јава кои ќе започнат кон крајот на март 2016 г. во Скопје. Обуката, која е дел од Програмата за таленти на Сеавус, е бесплатна и наменета за дипломирани студенти или студенти на последна година на техничките факултети во земјава.

Предвидено е да трае 12 дена со четири часовни интерактивни сесии и практични работилници, вклучувајќи работа со Hibernate, Spring и обука за Unit Testing. Учесниците ќе добијат знаење и искуство за развој на апликации и ќе имаат можност да ја продолжат својата професионална кариера во Сеавус.

Компанијата ги повикува сите амбициозни и мотивирани млади луѓе да аплицираат со пополнување на електронска пријава најдоцна до 4 март 2016 г. на веб страната: www.career.seavus.com.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија