X
 10.10.2016 Технологија

Дали Нокиа телефоните се отпорни на куршуми?

Додека на еден iPhone се крши стаклото откако ќе падне на под, стариот модел на Нокиа уште еднаш ја покажа својата издржливост. Телефонот кој најверојатно сте го користеле најмногу за играње “змија“ , ги нема опциите кои ги нудат денешните паметни телефони, но барем биле направени за да траат и да се издржливи.

 

 

 


Ова се докажало повеќе пати, но неодамна и преку еден инцидент.Поранешниот дизајнер од Нокиа Питер Скилман, објавил твит во кој објаснува дека некој човек ја избегнал смртта во Авганистан бидејќи куршум се одбил од неговиот Нокиа телефон. Во твитот стои : “Нокиа телефон на кој работев неколку години му го спаси животот на човек во Авганистан минатата недела.“

Еве уште неколку докази за издржливоста на овој телефон :

 


Нокиа телефон дами и господа


— Michelle Webster (@WOTBH)

 


Пред 10 години имавме Нокиа телефон, ако паднеше ќе се скршеше подот...Сега имаме Ајфон и ако падне ќе се скрши екранот.


— PaRtY4LyF (@Party4lyf)

 


Ајфон 6 против Нокиа 3315


— Meme Comic Lucu ID (@memecomiclucuID) 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија