X
 29.10.2016 Технологија

LinkedIn најави бесплатни онлајн курсеви за сите корисници

Социјалната мрежа LinkedIn, најпозната во бизнис светот, објавува дека на своите корисници ќе им овозможи бесплатни онлајн курсеви на својата платформа.


На корисниците на LinkedIn ќе им бидат достапни повеќе од 5 илјади онлајн курсеви кои ќе можат да ги изберат врз основа на своите афинитети и интереси, а со цел да ги подобрат своите вештини и да се здобијат со нови знаења. Во текот на неделата на бесплатно учење, LinkedIn им овозможува на сите кои имаат профил на оваа платформа до 30-ти октомври бесплатно да пристапат до онлајн материјали кои се поделени по области, теми и нивоа.

За пристап до онлајн курсевите, потребно е да се логирате на својот профил и да ги побарате видео лекциите кои ве интересираат, а кои се наоѓаат ОВДЕ
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија