X
 30.10.2016 Култура

Од споделбата на доброто произлегува љубовта - животни вистини од Лао-це

Сè уште е непознато и неодредено историското постоење на една од најважните фигури во кинеската философија, Лао-це. Нему му се припишува најважното таоистичко дело, Тао Те Чинг, а тој претставува популарно божество во таоизмот, кинеска религија за која се верува дека самиот ја основал. Почетокот на светот е ништото, според него, кое не значи празнина, туку неодредено нешто, што чека суштествување. За да може да се одреди и размножи, неопходен е човечкиот ум. Продолжете да читате, за да разберете зошто со векови бил централна фигура во Кина...

Лао-це

1.    Веќе го поседувате одговорот на секое животно прашање.

Во средиштето на вашиот бит се наоѓа одговорот на сите прашања: знаете кои сте и што сакате.

Познавањето на другите е знак на интелигенција; познавањето на себеси е знак на вистинска мудрост. Владеењето со другите е сила, владеењето со себе е моќ.

Кога ќе се ослободам од тоа што сум, станувам тоа што би можел да бидам.


2.    Кога ќе се препуштите, тогаш се ослободувате.

Ако сакате да станете целина, дозволете си да бидете нецелосни. Ако сакате да бидете во право, дозволете си да погрешите. Ако сакате да бидете исполнети, дозволете си да бидете празни. Ако сакате да се родите повторно, дозволете си да умрете.

Имате, ли, доволно трпение да почекате калта да спадне и да се разбистри водата? Можете, ли, да не се помрднувате додека вистинскиот чекор сам не се изнедри?


3.    Егото никогаш нема да ви донесе вистинска среќа.


Оној кој сам се дефинира себе, никогаш нема да знае кој е навистина.

Оној кој има моќ над другите, нема моќ над себеси.

Оној кој се обидува да блесне, ја придушува својата светлина.


4.    Злото умира кога се игнорира.


Не давајте му на злото ништо на кое би се насочило и самото од себе ќе исчезне.


5.    Доброто секогаш победува! Злото секогаш губи.

Од добрите зборови произлегува довербата. Од добрите мисли произлегува продуховеноста. Од споделбата на доброто произлегува љубовта.

Да бидеш длабоко сакан ти дава сила, а да сакаш некого длабоко ти дава храброст.   


6.    Бидете тоа што сте!

Ако се грижите за одобрувањето на другите, вие сте нивен заложник.

Ако сте задоволни со тоа што сте без да се натпреварувате и да се споредувате со другите, сите ќе ве почитуваат.


7.    Бидете скромни и ќе станете мудри.

Мудар е оној човек кој знае што не знае. Сè што тече, на крај се влева во морето, бидејќи тоа се наоѓа на пониска височина. Неговата моќ е во неговата понизност.


8.    Промената е неизбежна – прифатете ја!


Ако сфатите дека сè е променливо, нема да се обидувате да се држите цврсто до што било. Ако не се плашите да умрете, не постои нешто што не можете да го постигнете.

Новите почетоци често се преправени во болни завршетоци.   



Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура