X
 08.03.2016 Образование

Идеи кои би можеле да го заменат кревањето раце во училницата

Ви требаат неколку идеи за да го зачините подучувањето и ангажирањето на децата? Следуваат пет успешни начини со кои своето време со учениците ќе го направите интересно и привлечно.

Свртете се и зборувајте

Оваа стратегија функционира многу добро за часовите по странски јазик. Наместо да поставите прашање и да одберете некој да одговори, застанете во текот на часот и замолете ги децата да се свртат кон својот соученик и да го поделат својот одговор на прашањето. Тоа е успешно затоа што сите може да одговорат на прашањето, а не само едно дете. Ако вашите ученици имаат проблеми со слушањето и неизменичното зборување, може да зборувате визуелни помагала. Едно дете може да држи натпис „Уво“ кој значи „слушај“, а другото може да држи натпис „Уста“ кој значи „зборувај“.

„Студено“ прашување

Дали секогаш истите деца одговораат на вашите прашања? Дали некои се кријат од вашиот поглед и никогаш не соработуваат? Пробајте го овој начин со кој учениците ги повикувате со име за да одговорат на прашањето. Оваа техника делува со активности кои бараат кратки одговори.

Индивидуални табли

Дали вашите ученици доаѓаат пред табла за да решаваат математички задачи? Обидете се, наместо тоа, да користите индивидуални плочи. Тоа е многу покорисно бидејќи сите деца ќе го решаваат проблемо, а не само да гледаат. Потоа, некои може да ги кренат таблите и да им ги покажат на сите.

Колективен одговор

Разбудете го своето одделение со колективни одговори. Тоа најдобро функционира за проверка на работите кои сакате вашите ученици добро да ги запомнат. Може да се користите со рачен сигнал за да им дадете до знаење кога да одговорат.

Мали групи

Земете лекции кои се наменети за работа со поголеми групи и претворете ги во лекции за мали групи кои се меѓусебно различни. Децата групирајте ги според стратегиите во кои е потребна помош или според степенот или ефикасноста на функционирање. Додека работите со една група, другите групи може да работат на своите задачи.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование