X
 15.11.2016 Култура

Споменик посветен на „Непознатиот бирократ“

Неколку земји имаат споменици посветени на „Непознатиот војник“, но се чини само Исланд има скулптура во чест на анонимниот бирократ. Автор на делото што го сатиризира светот устроен на чиновничкиот апарат, канцелариската вдоменост, папирологијата и бесмислата е Магнус Томасон, кој во 1994 година постави човек во костум со актовка во раката, чии плеќи и глава се покриени од огромен камен. Писателот Франц Кафка, кој целото свое дело го посвети на ваквиот систем што ги дехуманизира луѓето и ги претвора во функции, ќе напише (парафразирано): „Сите ние сме само запченици во огромната машинерија што безмилосно нè гмече.“ 

Непознатиот бирократ 1

Непознатиот бирократ 2

Непознатиот бирократ 3
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура