X
 30.12.2021 Живот

Какво време нѐ очекува во текот на новогодишниот викенд?

За време на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, а поради послабо изразено воздушно струење по одделни котлини, ќе има појава на магла, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Услови за појава на утринска магла ќе има и во почетокот на следната седмица. Минималната температура утре ќе се движи од -1 до 5, а максималната од 8 до 15 Целзиусови степени.

Од УХМР истакнуваат дека следува период на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

На правиот ден од новата година, в сабота, минималната температура ќе се движи од 0 до 6, а максималната од 11 до 18 степени. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, преку денот ќе биде претежно сончево, на североистокот со умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а попладне, вдолж Повардарието, на места засилен ветер од северен правец.

В недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 1 до 8, а максималната од 9 до 16 степени.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот