X
 25.11.2016 Живот

Дали треба да се шпионираат децата на социјалните мрежи?

Основците и средношколците многу време поминуваат на социјалните мрежи и на родителите им е тешко да контролираат како ги користат.

мајка и ќерка


Постојат неколку апликации со кои родителите можат да пратат како нивните деца ги користат своите мобилни телефони. Тие се достапни за користење, но се поставува прашање дали родителите тоа навистина треба да го прават.

Ова е дозволено со закон, но не е и морално. И тинејџерите заслужуваат право на приватност, а шпионирањето не е подобро од важноста на моралните вредности. Стручњаците ги предупредуваат родителите дека тајното надгледување може да ги повреди децата и трајно да го загрози нивниот однос со нив. Ако постојано следите што прават Вашите деца, е исто како да им кажувате дека ништо не им верувате.

Технологијата има големо влијание врз воспитувањето на децата и затоа е потребно родителите да се искрени и да им кажат дека имаат намера да ги заштитат од опасностите што ги демнат на интернет.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот