X
 27.11.2016 Уметност

Научете да компонирате музика на интернет

Ханс Цимер е германски композитор кој создал музика за повеќе од 150 филмови вклучувајќи ги и „Гладијатор“, „Пиратите од Карибите“ и „Всадување“. Тој никогаш не добил официјално музичко образование и верува дека секој може да пишува песни ако е инспириран да го прави тоа.

пишување музика

MyMasterClass е стартап за едукација за оние кои имаат смели идеи за истите да се реализираат и на компјутер. Идејата на Цимер е со ова луѓето да ги кршат правилата и да напредуваат со своите идеи затоа што останатото се само формалности.

За 90 долари ќе добиете повеќе од 30 видео лекции достапни од Јануари 2017 година преку кои ќе може да се очат основите на музичкото компонирање, како да раскажете приказна со музика и да споите мелодија со дијалог и слика.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност