X
 08.09.2016 Наука

Зошто Моцарт ефектот при учењето се покажа како лага?

моцарт

 

За класичната музика се врзуваат голем број митови, од тоа дека смирува, дека го потекнува растењето на растенијата како и тоа дека позитивно влијае врз мозокот. Еден од нив е и познатиот Моцарт ефект - теоријата дека слушањето класична музика, особено Моцарт, помага при учењето. Се чини дека овој мит сега е срушен.


Пред 23 години магазинот „Nature“ објави истражување чии резултати покажале дека оние студенти кои го слушале Моцарт додека учеле, постигнале подобри резултати на испитите. Ова истражување било во согласност со другите митови за класичната музика, па така во јавноста и медиумите било прифатено здраво за готово.

Но, денес се чини дека резултатите од ова истражување биле погрешно толкувани, па така со истражувањето „Mozart effect–Shmozart effect: A meta-analysis“ паѓаат во вода голем дел од претпоставките дека музиката на Моцарт помага при учењето.

Најпрво, во истражувањето се истражувало само просторната интелигенција. Подобри резултати во тестирањето на просторната интелигенција не значи дека се подобри и останатите видови на интелигенција.

Покрај тоа, подобрувањата беа привремени. Луѓето кои го слушале Моцарт постигнувале подобри резултати на тестовите, но само во рок од 15 минути од слушањето. Позитивните ефекти не биле долготрајни.

Анализата покажа дека постојат малку докази дека слушањето на Моцарт или друга класична музика има позитивно влијание врз интелигенцијата и учењето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука