Родителите еднакво ги сакаат своите деца, но многу од нив се разликуваат во одгледувањето и воспитувањето, а тоа е најмногу видливо помеѓу финансиски постабилните родители и оние кои не можат да си дозволат многу.
Лицата кои имаат пари функционираат поразлично од оние кои ги немаат. Имаат повеќе можности за константно да се усовршуваат, го избегнуваат чувството на носталгија и без проблем можат да бидат посебични. Не нималку чудно што имаат и различни ставови кога е во прашање родителството и одгледувањето на деца.
Стив Сиеболд, човекот кој сам си ги заработил своите милиони, интервјуирал повеќе од 1.200 од некои од најбогатите луѓе на светот, па своите заклучоци ги објавил во книгата „
How Rich People Think“.
Имено, просечните луѓе ги учат своите деца како да преживеат, а побогатите родители ги учат како да бидат богати. „Просечното семејство несвесно ги пренесува истите ограничувања во врска со уверувањата за парите, од генерација за генерација. Тоа се верувања кои во семејствата се присутни со децении“, пишува Сиеболд.
Богатите луѓе од друга страна, не само што ги учат децата на паметни финансиски навики, туку ги учат и дека е во ред да сакаат да бидат богати, односно дека сите можат да бидат богати ако тоа доволно го сакаат и се потрудат.
“Иако многумина се задоволни со играње на сигурно, уживање во удобност и избегнување на болка, најголемиот меѓу нас живеат со полни гради и ги учат децата да го прават истото. За нив, животот е игра која треба да се игра без страв, па тие секогаш даваат добар пример на малечките кои го следат секој нивен чекор“, пишува Сиеболд.
Секако, начинот на кој богатите луѓе ги учат децата за парите е клучен. Имено, тие ги подучуваат да заработуваат решавајќи ги проблемите и подобрувајќи го квалитетот на животот на другите луѓе. На тој начин, децата можат на парите да гледаат како позитивна, продуктивна сила, а не како на оружје со кое малубројните се борат против мноштвото. Децата започнуваат на парите да гледаат како кон пријатели, додека поголемиот дел од просечните луѓе ги сметаат парите за непријатели. И додека многумина го критикуваат Сиеболд дека ја поддржува идејата за елитизам, тој противречи : „Луѓето тврдат дека родителите ги учат децата да гледаат од високо. Но, тоа не е вистина. Тие ги учат светот да го гледаат реално, на начин на кој општеството навистина функционира“, пренесува Time.