X
 26.05.2019 Култура

Научник откри кој е водечки лик во серијата „Пријатели“

Оваа година серијата „Пријатели“ слави 15 години од емитувањето на последната епизода. Серијата стана вистински културолошки феномен за кој се заинтересираа дури и научниците. Користејќи ја „Пријатели“ како пример, тие ги истражувале спецификите на популарната телевизија и родовите стереотипи. Инженерот за машинско учење Јашу Сет спровел сопствено истражување покажувајќи ги ликовите од ситком-сериите во бројки и графикони.

Јашу ја добил идејата додека ја гледал својата омилена епизода од „Пријатели“. Гледајќи ги урнебесните перформанси на ликовите, тој почнал да размислува: Кој всушност е главниот лик на „Пријатели“? Рос или Рејчел? Или саркастичниот Чендлер? Моника или Џои? Или омилената пејачка на сите, Фиби?

Тој одлучил да искористи научни податоци за да одговори на овие прашања. Ги ставил транскриптите од 10-те сезони во посебна програма. Од сурови документи тие биле претворени во структурирана анализа на податоци.

Рос и Рејчел имаат најмногу реплики од сите


Бројот на зборови кажани од секој лик/Фото: YashuSeth.Blog

Рос и Рејчел го делат првото место благодарение на нивната љубовна приказна што фановите ја следеа сите сезони. Секој од нив кажал по околу 100.000 збора. Најмалку зборови кажала Фиби, 15.000 збора помалку од Рос и Рејчел. Генерално, дијалогот меѓу ликовите е доста балансиран и никој не е приоритетен.

Чендлер има најголем број појавувања на екранот


Целосен број појавувања на екранот/Фото: YashuSeth.Blog

Како што може да се види, Чендлер со 1.400+ сцени има најголем број појавувања на екранот. Рејчел и Рос не се многу назад со околу 1.370 и 1.330 појавувања. Фиби има најмалку појавувања на екранот.

Рос има најголем број индивидуални појавувања на екранот


Целосен број индивидуални појави на екранот/Фото:YashuSeth.Blog

За овој параметар Јашу ги зел предвид сцените во кои само ликовите биле сами. Разликата е очигледна. Рос е јасен победник во оваа категорија. Тој имал вкупно 150 индивидуални појави на екранот. Џои се наоѓа на трето место со 130 појави. Рејчел е на четврто место, а Моника има најмалку индивидуални појави - во 50 сцени.

Рејчел била споменувана во насловите од епизодите многу почесто од другите


Бројот на споменувања во насловите од епизодите/Фото: YashuSeth.Blog

Повторно, Рејчел и Рос се лидери во оваа категорија. Рејчел има 27 наслови што го содржат нејзиното име, а Рос 24. Моника се најде на последното место со 8 наслови што го содржат нејзиното име.

Заклучок: Рос Гелер е главниот лик на серијата


Фото: Friends/Warner Bros Television

Бројките и графиконите му помогнале на Јашу да открие дека главниот лик во „Пријатели“ е Рос. Тој има најголем број индивидуални сцени и се наоѓа во топ-трите лика што кажале најмногу зборови, имале генерални појави на екранот и во други категории.

Бонус: Главниот пар во серијата

И покрај тоа што љубовната приказна меѓу Рос и Рејчел беше многу популарна, тие не се најдоа на првото место. Победниците всушност се Чендлер и Џои, кои имаат најголем број појави на екранот како пар.


Фото: Friends/Warner Bros Television
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура