X
 08.12.2016 Живот

Празнична временска прогноза

Денес е четврток, 8 декември 2016 година, 343-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:43, а ќе зајде во 16:07 часот. Денот ќе трае 9 часа и 24 минути.

Во утринските часови по одделни котлини долж Повардарието има појава на слаба магла но и умерен мраз поради ниските утрински температури. Насекаде имаме ведро и студено време.

МАКЕДОНИЈА – По студеното утро со ниски утрински температури кои се движат во интервал од -9 до -1 степен, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со дневните температури кои ќе достигнат до 4 односно до 11 степени. Ќе дува доумерен југозападен и југоисточен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северозападен и западен. Во вечерните часови се очекува појава на магла.

СКОПЈЕ- По студеното и магловито утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Претпладне слаб југозападен, попладне северозападен ветер. Утринската температура од -6 степени, а максималната дневна до 6 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - И во наредните денови над Македонија доминација на поле на висок воздушен притисок што ќе условува стабилно и се потопло време, особено преку ден кога се очекуваат надпросечни температури за овој период од годината, иако утрата и ноќите сеуште ќе бидат студени. Во петок претежно сончево со локална облачност и потопло време со дневни температури од 8 до 14 степени. Во сабота и недела сончево и топло време со дневни температури од 10 до 16 односно од 9 до 15 степени. Во понеделник претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне се очекува зголемување на облачноста и опаѓање на максималните температури кои ќе се движат во интервал од 8 до 14 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот