X
 09.12.2016 Наука

Планот на НАСА за враќање на астронаутите на Месечината

1 

 

Се'уште нема официјална мисија на НАСА за Марс, меѓутоа после неколку години неизвесност, вселенската агенција на Америка дава увид во својата голема стратегија за проширување на човечкото искуство над Земјината орбита, со план да изгради цврста технолошка основа за испраќање на астронаути во други светови.


Распоредот на децениското истражување на вселената, ги набројува 10-те претстојни мисии во кои е вклучена новата генерација на „Orion“ леталото на НАСА. Но, за разлика од претходно неповрзаните предлози за лошо дефинирани мисии, овој нов план нуди чекор по чекор за тоа како да стигнете до Марс. НАСА вели дека се потпира на значителен но не и претеран буџет, и дека планот е подготвен во тесна соработка со клучните партнери на НАСА, како што е Европската вселенска агенција, „Roscosmos“, „JAXA“ и Канадската вселенска агенција.

Главната цел на програмата „Оrion“ е да се состави станица која ќе орбитира околу Месечината. Без дополнителни пари, предложеното летало нема да биде во можност да ги одведе астронаутите на површината на Марс, меѓутоа ќе биде во можност да го одведе екипажот во близина на Црвената планета до 2033 година. Исто така, би биле возможни посети на месечините на Марс, Фобос и Деимос како и експедиции на астероиди.

Кратко кажано, ова е најблиску што некогаш човештвото било до Марс и многу други дестинации во Сончевиот систем. Програмата сигурно ќе биде најхрабриот, најризичниот и најамбициозниот потфат на човекот, уште од крајот на програмата Аполо во 1972 година.

Поради буџетските ограничувања, програмата за Марс ќе се движи доста бавно. Тоа значи дека е мала веројатноста астронаутите да остават нови стапалки на некој друг свет, пред 2030-те.

Лесно е да се повлече паралела со 10 годишниот план на програмата Аполо за посета на човекот на Месечината, со проектот „Orion“, кој се планира уште од 2003 година, а не се очекува да се спроведе после 2021 година.

Пристапот на „Orion“ до Месечината ќе биде внимателно навигиран по должината на таканаречената „слободна траекторија за враќање“, што значи дека дури и ако вселенскиот брод не успее и го остави екипажот без способност за маневрирање, гравитационото поле на Земјата ќе го врати бродот назад и тој безбедно слета.

 

2


До 2023 година, НАСА се надева дека ќе започне со годишни летови до лунарната орбита.

НАСА планира уште четири мисии во втората половина на 2020-те кои ќе донесат поголема, подобра моќ и погонски модул окол 2029 година, кои би можеле да ги одведат астронаутите до орбитата на Марс.

Во меѓувреме, меѓународните партнери на НАСА ќе имаат можност да испратат роботски, а можеби и човечки мисии на површината на Месечината.

 

3


НАСА се надева дека ќе спроведе тестови за тоа колку системите се издржливи и ќе открие дали е возможно да се задржи безбедноста на екипата низ месеците, во време на вакуумот во вселената. Во 2026 година, НАСА планира да направи пауза во изградбата на станицата до орбитата на Месечината за да ја лансира таканаречената „Asteroid Redirect Mission“.

Поминаа 44 години од последниот обид на НАСА да го одведе човекот на друга планета, но конечно вселенската агенција повторно се подготвува да го одведе човекот надвор од гравитационото разбирање на Земјата - и пошироко.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука