Даглас Хер, еден од основачите на Outplay Entertainment, се збогуваше со успешната кариера во САД за да отвори студио за креирање игри за мобилни телефони, кое имаше обрт од 6.3 милиони фунти во 2015 година.
Неговата компанија направи пресвртница во октомври – 50 милиони симнувања на игри на светско ниво.
Хер не ни помислувал дека за пет години, студиото кое тој и својот брат го отвориле, ќе биде толку успешно. Компанијата за игри „The Collective“, е креирана во 2005 година, се здружиле со уште две други компании и прераснале во „Foundation 9 Entertainment“. Во моментов е една од најголемите независни гејмерски компании во САД. Креирањето на игри за мобилни телефони според нив, навистина има голем потенцијал, бидејќи и создавачите на игри ќе можат самите да презентираат и поставуваат игри на онлајн продавниците за апликации, без притоа да имаат потреба од издавачи.
Бидејќи во 2008, почувствувале финансиска криза, се одлучиле да настапуваат на пазарот сами, како една компанија
Outplay Entertainment. Даглас и неговиот брат се преселиле на друга локација и создале нов тим. Во 2011 повторно ја отвориле компанијата, која од тогаш креирала 10 игри, а најавуваат и објавување на нова во јануари 2017 година.
Една од најпопуларните нивни игри е
Crafty Candy. Даглас вели дека не е важно со игрите за мобилен да се креира нов жанр или модел, туку да се создаваат формати на кои играчите се навикнати, но да се менуваат мали детали. Сето тоа во комбинација доведува до супериорна игра.
„Нашата цел е секогаш да добиеме оценка 4.5 во App store. Но самиот успех, носи и повеќе работа. За играчите да бидат константно заинтересирани, игрите мора постојано да бидат ажурирани“, вели Даглас.
Компанијата најмила нови 70 вработени во изминатата година и сега вкупно се 150. Еднаш неделно сите заедно одржуваат состанок. На крајот од секој успешен проект вработените заедно се забавуваат како релаксација по напорната работа. „Правиме неверојатни забави, тоа е многу важно“, истакнува Даглас.