X
 15.12.2016 Забава

Слушајте ги радио станиците од целиот свет

Радио станиците имаат многу повторувања, но го имаат и нешто што ги прави поразлични од другите, без разлика дали се работи за тема, жанр или пак група на слушатели. Оние кои сакаат да слушаат радио дефинитивно ќе бидат заинтересирани за платформата,  Radio Garden, кој ви овозможува да слушате радио станици од целиот свет.



Радиската платформа Radio Garden е дизајнирана од страна на Studio Moniker од Амстердам, а развиена е во Холандскиот институт за звук и слика. Ова е проект кој има за цел да ги поврзува луѓето од целиот свет по пат на размена на искуства.

Платформата нуди функција во живо, која им овозможува на корисниците со виртуелна ротација на глобусот да слушаат радио станици од целиот свет. Секоја зелена точка на мапата претставува различна локација и радио станица.

Кога станува збор за големите градови како што се Амстердам и Париз, слушателите можат да најдат и повеќе радио станици. Исто така им е овозможено да ја „напуштат“ Европа и да ги слушаат радио станиците во Њујорк.

Радио станиците од различни делови на светот може да го слушнете тука.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава