X
 19.12.2016 Технологија

Нова опција на „Messenger“

Од „Facebook“ објавиле дека нудат нова опција, која разговорите ќе ги искачи на ново, подинамично ниво.


Имено, од социјалната мрежа сфатиле дека пораките се се повеќе визуелизирани, односно, почнале да ја бројат количината на фотографии, стикери и видеа кои луѓето меѓусебно си ги испраќаат.Сега пристигнува нова камера за сите корисници на апликацијата. Новитет е дека сега ќе биде многу полесно да се направи фотографија без разлика дали водите разговор или само сте ја отвориле апликацијата.

Освен тоа, најавени се и бројни 3Д маски и специјални ефекти, како и филтери кои би требало поарките да ги направат уште пооригинални и позабавни. Се разбира, и понатаму ќе може да се праќаат оние старите, обични пораки, но ова дефинитивно е индикатор дека оваа социјална мрежа ги прати сите трендови и настојува да воведе промени на својот сервис.

Се проценува дека секојдневно преку „Messenger“ се праќаат повеќе од 2,5 милијарди фотографии, стикери, видеа. Критичарите сметаат дека на овој начин „Facebook“ ги копираат „Snapchat“.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија