X
 16.01.2017 Култура

Што претставува испружениот показалец кај припадниците на исламот?

Терористот кој го изведе нападот на Божиќниот саем во Берлин, Анис Амри, кратко после нападот, пред надзорната камера позирал со испружен показалец, знакот за препознавање на Исламската држава.

Показалецот веќе долго е етаблиран знак во исламот. Се користи, на пример за време на шехадетот, исламското верско сведочење. Тој симбол се споменува уште од основањето на муслиманската религија. Пророкот Мухамед за време на молитва со својот десен лакт се потпирал на десното бедро и потоа го испружил показалецот од десната рака нагоре. Од тогаш, тој гест меѓу муслиманите важи како израз на верата во еден, единствен Бог.

Помеѓу понизност и право на моќ


Многу луѓе на Западот тој гест го поврзуваат со сосема друга приказна – онаа за подемот на терористичката организација „Исламска држава“. Често може да се забележат нејзините борци како го подигнуваат показалецот, а тоа го прават и нивните симпатизери ширум светот.

Се работи за симбол со двојни значење : во исламскиот контекст го означува едниот Бог кој се сфаќа како највисока моќ на која човекот треба да се покори. Покрај класичниот исламски контекст, показалецот истовремено е и израз на голема самодоверба. Со тој гест се дава и правото на моќ.

Свесна амбивалентност


Тоа значење е она заради кое тој гест е омилен меѓу џихадистите. Содржи нешто заканувачко, авторитарно.

Теолошка и воена надмоќ


Од една страна тоа е еден познат и позитивно конотиран симбол, а од друга страна одлучен повик за борба. Со тоа што припадниците на Исламската држава го користат показалецот, истовремено праќаат и порака : теолошка надмош и воена хегемонија, пишуваат во „Форин Аферс“. Амбивалентниот карактер на тој гест е покорноста кон класичниот ислам, јасна интерпретација на мисиите на џихадистите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура