X
 16.02.2023 Технологија

Создаден нов филм за „Војна на ѕвездите“ со вештачка интелигенција

Уметник успеал да создаде нов филм поврзан со приказната во „Војна на ѕвездите“ со помош на вештачка интелигенција. Приказната била напишана од „Чет ГПТ“, а сцените биле илустрирани со „Мидџурни“.

Во кратко видео на уметникот кој стои зад каналот „Д арт оф АИ“ на „Јутјуб“ се објаснува новата приказна. Во неа Дарт Вејдер добива задача да најде моќен стар артефакт кој се чува на оддалечена планета од мала група џедаи. Кога ќе стигне на планетата, Вејдер се бори со еден заштитник на артефактот и победува. Меѓутоа, подоцна Вејдер почнува да се прашува за неговата улога како негативец.

Погледнете го краткиот филм во продолжение.


Извор: Indy100
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија