X
 30.05.2025 Култура

Оваа историска драма на „Нетфликс“ е светски хит, а обожавателите ја споредуваат со „Бриџертон“

Германската историска драма на „Нетфликс“ - „Царицата“, (англ. Тhe Empress) за брзо време стана една од најпопуларните неанглиски серии на платформата со над 150 милиони часа гледаност, со што стана втората најгледана серија во светот за две недели. Во 2022 година ја освои и седмата позиција на листата со најгледани неанглиски серии.

Серијата маестрално ја комбинира креативната слобода во интерпретацијата на историските настани. Централниот лик е царицата Елизабета од Австрија, која ја глуми Деврим Лингнау, додека во улогата на царот Франц Јосиф се појавува Филип Фроасан.

Првично прикажана на 29 септември 2022 година, серијата веднаш привлече внимание, по што во ноември истата година беше најавена втора сезона, која се појави во ноември 2024. Во јануари 2025 беше потврдено дека ќе има и трета, последна сезона.

Иако не се држи строго до историските факти, „Царицата“ е пофалена од критичарите за својата уметничка слобода и привлечност. Многумина ја споредуваат со мегапопуларната „Бриџертон“, оценувајќи дека успешно го пополнува просторот меѓу сезоните на таа серија. Други забележуваат дека „Царицата“ не само што ги обработува модерните теми низ призмата на минатото, туку и овозможува целосно бегство од сегашноста.



Извор: Themirror.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура