X
 16.03.2022 Живот

Се бараат две лица за тестирање луксузна вила на хрватскиот остров Корчула

Огласот што неодамна се појави на платформата специјализирана за вработување „Пикџобс“ се прошири на социјалните мрежи.

- Се бараат две лица за тестирање на содржината на вилата како подготовка за претстојната летна сезона - стои во описот заедно со фотографиите од луксузната вила лоцирана на Корчула.

- Кајаци, велосипеди, скутери, пинг-понг маса, фудбалче, фитнес-сала, билјард, плејстејшн 4, лулашки, лежалки. Освен наведените содржини, работата вклучува и проверка на чистотата на вилата, тестирање на комплетната функционалност на кујната (тестирање на сите апарати), собите (душеци, клима, плакари), бањата, дневната, пералницата и градината. Исто така, треба да се провери и уредноста на плажата, а треба да се оцени и домаќинот (лицето што ги пречекува гостите) и да се направи рецензија на целата вила - пишува во огласот.

Избраните кандидати ќе работат 7 дена (од понеделник до недела), а работното време е 8 часа дневно. Важен услов е кандидатите да имаат искуство во снимање видеа.

- На идните вработени ќе им биде овозможено бесплатно сместување во вила што за гостите во претсезоната се наплаќа 700 евра на ден, поточно 4.900 евра за наведениот период на работа. Се очекува идните вработени да предложат како да се подобри престојот во луксузната вила, а треба да прават и краток видеодневник на дневно ниво - бараат сопствениците на вилата.

Идеалните кандидати мора да бидат во добра форма, со спортски дух и комуникативни.

Доколку сакате да се пријавите, можете да го направите тоа ТУКА, а рокот е до 23 март.

Извор: Index.hr
Фото: Pick Jobs
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот