X
 16.06.2024 Живот

За најдобриот дипломец на Филолошки, тапанарката Мартина Баракоска, студентските мемоари на Гордана Стаматова... Што пишувавме неделава?

СТУДЕНТСКИ МЕМОАРИ: Гордана Стаматова (85) завршила Филолошки факултет во 1964: „Ги продававме боновите за храна за да одиме во Македонската опера и балет“

Стаматова беше професорка по македонски јазик во неколку битолски училишта, како и долгогодишен директор на познатиот Пионерски центар во Битола, каде што генерации млади битолчани добиваа едукативно и воспитно образование преку воннаставни активности, а беше и еден од иницијаторите на незаборавните детски фестивали „До Ре Ми“ и „Си До“.

Што нуди Филозофскиот факултет во Скопје: „,Нашите студенти се поттикнати да ги прошират своите хоризонти и да бидат авангардата на општествените промени“

Филозофскиот факултет во Скопје при УКИМ има 19 акредитирани студиски програми кои нудат темелно образование кое ги подготвува студентите за различни професионални патеки, а во сржта на секоја од овие програми се вградени основни принципи на општествените и хуманистичките науки кои ги развиваат способностите за критичко размислување, етичка процена и општествена одговорност.

Интервју со Мартина Баракоска, тапанарка: „Разбиваме стереотипи, но имаме уште работа и јас и моите ученички“

Мартина почнала да свири на 13-годишна возраст, а веќе на 17 години добива награда за најдобар тапанар на фестивалот “T’k Таk”. Доста е активна на музичката сцена, а во моментов свири и турира со „Funk Shui“. Соработувала и со Дупер, MPNG (Германија), Efterklang (Данска), Љубојна, Пијан Славеј, Дина Јашари, Владимир Четкар и други.

Деспина Буцевска, најдобар студент на Филолошки со просек 10,00: „Редовноста, постојаноста и упорноста се клуч за секој успех“

Деспина Буцевска е дел од наградените најдобри дипломирани студенти за учебната 2022/2023 година според Ректоратот на УКИМ. Наградата ѝ претставува голема чест и одговорност да го продолжи своето образование со уште поголем ентузијазам.

Студенти од Техничкиот факултет во Битола ги истражуваа технолошките достигнувања на батериите за складирање енергија

Со намалените ресурси на фосилни горива и растот на обновливите извори на енергија се јавува потреба од ефикасен начин на складирање на произведената енергија, за што од голема полза можат да бидат батериите. Токму технолошкиот развој на батериите, од најстарите типови до новите иновативни концепти како што се тврдите и литиум-серводородните батерии, го истражуваа студентите на Техничкиот факултет во Битола - Меланија Илова и Борис Гушевски, кој воедно е и претседател на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Издвојуваме

Живот