X
 16.09.2023 Наука

Како се заштитени авионите од удари на гром?

Кога станува збор за иновациите во воздухопловството, јаглеродните композити направиле револуција со нивните извонредни својства. Сепак, нивната ограничена спроводливост во споредба со традиционалните метали претставува предизвик. Ова доведува до важно прашање: како се заштитени модерните авиони од ударите на гром?

Генијалните инженерски умови дошле до одлично решение - ставање мрежа од спроводливи влакна во слоеви на јаглеродните композити. Оваа мрежа е незабележлива со голо око, но игра клучна улога во заштитата од громови.

Кога удира наелектризирана молња, таа се одбива од авионот наместо да влезе во материјалот благодарение на оваа вградена мрежа. Тестирањата на „Боинг“ покажале дека нивните авиони може да ги одбијат ударите на гром со извонредна ефикасност.

Затоа, нема потреба да се грижите следниот пат кога при лоши временски услови ќе летате со авион.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука