X
 16.11.2023 Живот

Ова е ветената земја дури и за богатите Финци: Просечната плата е над 4.500 евра и е рај за медицинските лица

Ако зборуваме за високи стандарди, егзистенцијална сигурност, но и квалитетно воспитување и создавање семејство, Норвешка секогаш се наоѓа на врвот на листата со супериорни земји.

Таа е понапредна од Шведска и Данска, кои заедно со Норвешка ја сочинуваат ултрабогатата „тројка“ на Северна Европа, а ја надминува и Финска. Освен што оваа земја е бајка за нас, Балканците, и граѓаните на развиените земји ги препознаваат придобивките од Норвешка. Така, сè повеќе Финци сега се преселуваат во Норвешка во потрага по поголема заработка.

Според актуелните податоци, заклучно со вториот квартал од 2023 година, просечната плата во Норвешка изнесува 54.000 круни месечно или околу 4.650 евра.

Претходно нивната дестинација би била Шведска, но повеќе не е така, се вели во соопштението на советодавната служба на Нордискиот совет на министри.

Миграцијата на Финци во Норвешка, каде што со години се иселувале од 400 до 500 луѓе, генерално била многу помала во споредба со Шведска, каде што годишно се преселуваат до 2.000 фински граѓани.

Но, сега Норвешка е многу поинтересна за Финците поради подобрата плата. Трендот е особено изразен кај медицинските сестри, додека истовремено Финска се соочува со недостиг на кадар во здравствениот сектор. Речиси илјада регистрирани медицински сестри во Финска беа избришани од националниот регистар минатата година.

Според органот за лиценцирање „Валвира“, честа причина за напуштање на професијата било незадоволството од моменталната состојба во секторот. Според истражувањето на финскиот јавен сервис „Јле“, минатата година капацитетите на болничките одделенија низ Финска биле намалени, а некои дури и затворени, токму поради недостигот на овој кадар.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот