X
 14.01.2017 Наука

Неверојатна метода: Со магнети извлечени бактерии од крвта

Истражувачи од неколку институти успеале да откријат како опасните бактерии да ги извлечат од крвта со помош на магнети.


Сепсата или труењето во крвта е една од најлошите болести и често е смртоносна. Обично позади неа стои претерана реакција на телото на бактериска инфекција и до сега единствен третман за лечење на сепсата биле антибиотиците. Меѓутоа, истражувачи од „Харвард“ и „Адолф Меркле“ институтот, откриле нов начин за борба против сепсата. Основата на третманот се магнети. Имено, истражувачите поставиле слој на честици од железо на антитела кои обично се врзуваат за опасни бактерии и ги ставиле во раствор со бактерии  кои доведуваат до сепса. Потоа, откако антителата се врзале за бактериите, го провлекле растворот низ апарат за дијализа и магнетите буквално ги извлекле бактериите и антителата од растворот. Резултатот бил потполно филтрирање на опасните бактерии.


За сега, најголем проблем е тоа што користените антитела се врзуваат за само еден тип на бактерии и постапката би требало да се повторува повеќе пати ако пациентот е заразен со неколку видови бактерии. Истражувачите се надеваат ека наскоро ќе можат да развијат синтетичко антитело кое би се врзало за најчестите видови на бактерии кои предизвикуваат појава на сепса, што би довело до тоа да е потребен само еден третман за потполно лечење.

Во време кога голем број на бактерии се отпорни на антибиотици, ваквите постапки се навистина важни. Некои истражувачи работат на тоа да изнајдат нови антибиотици, а други користат иновативни методи за генетски модификации.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука