X
 20.01.2017 Живот

На Алјаска измерени минус 59 степени Целзиусови

Температурите на Алјаска достигнале минус 59 степени Целзиусови, што предизвикува проблеми и на најискусните жители на оваа северна американска држава.


Авионите не летаат, автомобилите не можат да се движат, луѓето се замотани во бројни слоеви облека и така се движат по мразот. Готвењето е можно само на дрва. Водата во цевките речиси секогаш смрзнува, а за да ја подобрат изолацијата, жителите се затрпуваат со снег. Најниска температура измерена на Алјаска била минус 91 степен.

НАСА и Националната управа за океани и атмосфера, соопштиле дека 2016 е трета година по ред со рекорден топлотен рекорд, па најтопло било на поголемиот дел од Арктикот каде што просечната температура минатата година била 0,12 степени Целзиусови повеќе отколку во 2015 година.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот