X
 25.01.2017 Образование

Европски земји со помали трошоци за студирање

Наместо македонските студенти да се стремат кон тоа знаењето од домашните универзитети да го носат надвор од државата, добро е ако она од странските образовни институции се носи во државата. Тие воедно нудат и многу поволности за интернационални студенти.

студирај во европа


Финска


Есента 2017 ќе бидат отворени повици за додипломски или последипломски студии за настава на англиски јазик. Сепак, ќе се очекува кандидатите сами да ги покријат трошоците за живот кои се обично од 500 до 800 евра во просек. За стипенсии проверете ОВДЕ.

Австрија


За земји кои не се членки на унијата јавните универзитети наплаќаат само околку 360 до 720 евра по семестар, плус 17 евра за такса. Ако сте кандидат од најнеразвиените земји може да платите само такса, членство во студентската унија и осигурување. Трошоците за живот се обично околу 800 евра што влчуќува сместување, храна, и други трошоци.

Институции за високо образование


Норвешка

Во Норвешка е правило да не се наплаќа такса на интернеционални студенти, освен за некои програми за мастер студии. Трошоците за живот се повисоки од другите држави, од 10000 до 11000 евра годишно.

Листа на универзитети и колеџи во Норвешка


Германија


Просечните трошоци за живот за студирање во Германија се околу 500 до 800  евра за сместување, превоз, храна и други трошоци.

Листа на германски универзитети и колеџи


Шведска

ОВДЕ проверете за стипендии во Шведска.

Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование