X
 30.04.2022 Образование

Знаци дека премногу учите

Мислите дека недоволното учење може да биде единствена причина за паѓање на испит? Впрочем, може да поминете лошо на испит и со премногу учење, особено доколку тоа ви го окупира животот. Со прекумерното учење може да се појават и некои проблеми.

Играње на окото

Доколку окото ви игра со денови и не знаете за што станува збор, обидете се да се опуштите пред да побарате медицинска помош. Тоа често се јавува како последица на претерано напрегање за време на активности како учењето. Доколку го забележите ова, време е да направите пауза од учењето.

Замаглен вид

Дали некогаш сте биле во ситуација кога не може да ги препознаете зборовите и ви се замаглува текстот додека читате? Ова се случува кога добивате премногу информации наеднаш и како последица на повеќечасовно учење. Вашето тело ви дава сигнал дека треба да паузирате.


Фото: Freepik

Повторување на информациите

Кога незабележително повторувате една работа и не може да преминете на нешто ново бидејќи не сте сконцентрирани, можеби треба да се одморите. Подобро ќе биде во тој момент да правите нешто друго наместо бесполезно да се трудите да продолжите да учите.

Нервозни сте

Учење со денови и навечер, слабо спиење, недостиг на социјализација - ова се чекори што водат до нервоза и нерасположеност. Кога чувствувате дека сте нервозни, значи дека е време за пауза.

Не спиете

Еден од најчестите симптоми на претераното учење е несоницата. Можеби не можете да заспиете затоа што в глава ви се вртат информациите или си го повторувате материјалот од денот. Можеби сонувате нешто поврзано со учењето дури и кога ќе заспиете, па се будите поуморни од претходно. Во овој случај ви е потребна релаксација и пауза од учењето.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование