Архитектонската компанија „Peter Pichler Architecture“ од Милано, во соработка со словачкиот архитект Павол Миколајцак го проектираа ресторанот „Oberholz Mountain Hut“ сместен во италијанските Долмити.
Ресторанот е целосно интегриран во природната планинска средина, и изгледа како да извира од планината како да се шири, овозможувајќи им на гостите прекрасен поглед на околината.
Овој навистина импресивен
ресторан, е всушност современа интерпретација на класичен планинаррски дом кој го краси модерен и елегантен ентериер кој целосно е изграден од дрва. За изградба на мебелот користен е даб, додека за производство на структурни елементи во ентериерот се користела смрека.
Ресторанот е отворен оваа зима и се наоѓа непосредно до жичарата Оберген па скијачите после скијањето на ски стазите можат да уживаат во ресторанот и храната и удобната интимна атмосфера на ресторанот.
Линк до галеријата.