X
 14.02.2017 Технологија

Тим Кук: „Епидемија од лажни вести ги убива човечките умови“

Тим Кук, шефот на компанијата Епл се обрати на владите ширум светот за кампања за информирање во јавноста во борба против „монструозни лажни вести“.

тим кук


Во едно интервју Кук објаснил дека се работи за бескрупулозни компании кои шират лажни вести со цел да соберат читателска публика. Тој објаснува дека ова е време во кое победници се оние што добиваат најмногу кликови, а можно е истите тие медиуми да не известуваат точно, а тоа, како што вели тој, ги убива човечките умови.

Решението на овој проблем би требало да го бараат владите и технолошките компании, а Кук предлага и кампањи со кои би се предупредила и едуцирала јавноста за проблемот.

„Таквата кампања би морала да биде вкоренета во училиштата, мора да биде вкоренета во јавноста. Мора да биде масовна кампања,“ изјавил тој.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија