X
 07.03.2017 Наука

Кој е Илон Маск, визионер или луд научник?

Испраќањето на туристи на пат околу месечината е најнова идеја на Илон Маск, ѕвездата од Силиконската долина познат познат по тоа што страстите ги претвора во визионерски потфати. Тој е еден од најпознатите американски иноватори, основач на компанијата за интернет плаќања „PayPal,“ фабриката за електрични автомобили „Tesla“ и вселенската компанија „SpaceX“ која произведува ракети и вселенски бродови. Неодамна објави дека двајца туристи ќе прати на пат околу Месечината, но не беа објавени имињата.

елон муск

Маск има големи идеи кои ги претвора во реалност. Освен горенаведените компании, управува и со „SolarSity“, најголемата американска компанија за соларна енергија.

„Не губи време чекајќи луѓето да направат нешто со неговите идеи. Тој тоа го прави сам,“ вели технолошкиот аналитичар Јан Досон.

„Сака да се појавува со нови идеи и добар е во одбирање на нови луѓе со кои ќе работи. Поради тоа може истовремено да објави толку работи. Особено добро знае како да ги продаде,“ вели за него Роб Ендреле, кој е исто така аналитичар.

Пред неколку години учествувал во основање на непрофитна истражувачка организација посветена на развој на вештачка интелигенција која би им помагала на луѓето. Некои од неговите идеи предизвикуваат прашања дали се работи за визионер или луд научник.

Тој живее во Лос Анџелес и има американско, канадско и јужноамериканско државјанство.

Роден е во Јужна Африка, а мајка му е по потекло од Канада каде се преселил на 19 години. Во Америка дипломирал физика и економија. За себе тој кажува дека „сака да биде вклучен во работите кои ќе претставуваат значајна разлика во иднината на човештвото“.

Погледнете ја неговата приказна:

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука