X
 29.03.2017 Образование

ЛИДЕР Проект - бесценета можност за вашата компанија или старт ап

 
ЛИДЕР Проектот ќе се организира по десетти пат во Македонија од страна на невладината организација Македонија2025 и вклучува:

• 40 стипендии за сопственици на мали и средни претпријатија или старт-апи
• 10 – Дневна MBA работилница во соработка со Richard Ivey Business School од Канада која ќе се одвива во период од 12 до 16 часот секој работен ден во салата дипломатик на скопскиот саем
• Четворица инструктори од MBA и PhD програмите на Richard Ivey Business School
• Детално разработување на бизнис планови, помош при развивање на стратегии, финансиско планирање и се останато што е потребно за вашата компанија да расте и се развие
• Советување за вашата компанија или организација од страна на инструкторите односно можност за индивидуални советувања како и посета на вашето работно место со цел да се дадат реални и концизни сугестии во врска со работењето
• Членови на жири кои ќе ги евалуираат и наградат најдобрите идеи
• Голем број прилики за вмрежување и неформални дружби меѓу учесниците

За да ги разгледате профилите на инструкторите кликнете ТУКА
Учеството е бесплатно а рокот за аплицирање е до 31ви март (петок)
Имате дополнителни прашања? Пишете ни на elena@macedonia2025.com

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование