X
 30.03.2017 Култура

Пронајдена древна раса кучињa што се сметаше за изумрена


Шумски пес
(Фото: NGHWDF.org)

Дивиот шумски пес од Нова Гвинеја, кој се смета за најстара раса кучиња, со десетици години наназад се сметаше за изумрен вид во својата природна околина. Но, на големо воодушевување на истражувачите, уредите неречени „камера-замки“ кои беа поставени во дивините на Нова Гвинеја, открија дека тие кучиња и тоа како се живи.

На фотографиите се детектирани 15 единки од овие кучиња – вклучително мажјаци, женки и младенчиња. Тие живеат во чопори, во еден од најизолираните региони од светот со многу негостољубиви услови за живот.

„Откривањето и потврдата на дивиот шумски пес за првпат по повеќе од половина век е вонредна работа за науката, а експедицијата ни овозможи собирање на примероци и докази за постоење на овој вид“, изјавија експертите од Здружението за диви кучиња.

Минатогодишната експедиција откри траги од кучиња за кои претпоставуваат дека им припаѓаат на Новогвинејските шумски песови, кои живеат на надморска висина меѓу 3460 и 4400 метри.

Заради недостиг  на докази за одредени видови, сè уште не е јасно како се поврзани дингосите, Новогвинејските шумски и Новогвинејските кучиња што пеат, но научниците се надеваат дека наскоро ќе имаат нови сознанија за овие древни раси.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура