X
 05.04.2017 Економија

Новата банкнота од 50 евра ќе има врвна заштита од фалсификување


Банкноти од 50 евра
(Фото: Pixabay)

Банкнотата што деновиве им беше претставена на прес-конференцијата за новинари во Париз, ќе биде отпечатена во вкупно 6,5 милијарди примероци, од кои една милијарда во Франција, во печатницата „Шамалије“ близу Клермон Феран.

Сегашната банкнота од 50 евра, која е најчесто користена во евро-зоната, а која од создавањето на валутата во 2002 година никогаш не била изменета, постепено ќе биде повлечена.

- Банкнотата од првата серија ќе може и понатаму слободно да биде во оптек. И понатаму ќе биде важечка, нагласил генералниот директор за стопанство во Централната банка во Франција. 

Како и новите банкноти од пет, 10 и 20 евра кои беа пуштени во оптек во 2013 година, новата банкнота од 50 евра е направена по нов модел, со примена на врвен механизам за борба против фалсификување.

Според податоците на Европската централна банка, банкнотата од 50 евра претставува 45 отсто од вкупниот обем на банкнотите во оптек во евро-зоната, но само 30 отсто од банкнотите што се користат во Франција, каде што домаќинствата повеќе се служат со банкнотата од 20 евра. Француската централна банка објавила дека еврото е една од најмалку фалсификуваните банкноти во светот, со стапка на фалсификување од 0,003 отсто.

- Тоа е осум пати помалку од забележаните случаи со франкот, истакнал Франсоа Вилероа Гало.

Заштитена од фалсификатори

Гувернерот на Централната банка на Франција, Франсоа Вилероа Гало, на конференцијата за медиумите рекол дека при изработката на банкнотите биле применети значајни сигурносни иновации. Пред сè, станува збор за портрет од ринцезите во Европа, ликови од грчката митологија, вградени во проѕирниот дел на десната страна на банкнотата, на сјајна лента.

Банкнотата има и релјефен печат за слабовидните луѓе, а бројот 50 е испишан со смарагдно-зелена боја во материјал кој ја менува бојата кога банкнотата ќе се превитка.

- Има и ознаки за безбедност кои се скриени во банкнотата, истакнал Гало, додавајќи дека вкупно има „повеќе десетини“ ознаки за идентификација.   
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија