X
 05.04.2017 Живот

Петдневна временска прогноза

Денес е среда, 5 април 2017 година, 95-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:05, а ќе зајде во 19:07 часот. Денот ќе трае 13 часа и 02 минути.

Ова утро во Македонија имаме претежно облачно и топло време со повисоки утрински температури од вообичаените за овој период од годината, благодарените на јужното топло воздушно струење но и облачното време. Услови за сончеви периоди има во јужнитеи југоисточните предели.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес, претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Попладне развој на нестабилност која што во попладневните и вечерните часови ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд и ветровито време. Во централните предели долж повардарието како и во југоисточните предели умерено облачно со сончеви периоди во текот на целиот ден, условите за локални врнежи во овие предели се минимални. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 1 до 9 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 10 односно до 21 степен.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и потопло време. Попладне и навечер со услови за локални врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 19 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток претпладне умерено облачно со сончеви период, попладне нестабилно време со локални врнежи од дожд, а без врнежи повторно ќе останат југоисточните предели. Утринските температури од 1 до 9 додека пак максималните дневни од 10 до 21 степен. Во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди и посвежо време поради северното воздушно струење и засилениот северен ветер. Утринските температури од -1 до 7 степени, додека пак максималните дневни од 7 до 18 степени. Во сабота по студеното утро во текот на денот претежно сончево со локална облачност. Минималните температури од -2 до 6 а максималните од 7 до 18 степени. Во недела уште едно студено утро со температури од -3 до 5 степени, а во текот на денот сончево и многу потопло време со дневни температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината и ќе се движат од 11 до 22 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот