X
 12.05.2017 Живот

Запознајте го младиот пливач без раце кој освојува медали

Исмаил Зулфиќ е вистински херој. Тој е роден без две раце и со деформирана една нога - сепак тој му пркоси на неговиот инвалидитет освојувајќи златен медал на Деветтото регионално првенство во Хрватска во пливање за личности со инвалидитет.

момче
Фото: Profimedia

„Не постои нешто што тој не може да го направи“, вели Исмет, таткото на Исмаил и објаснува дека Исмаил е такво момче што ретко некој на прв поглед ќе забележи дека нема раце. Борбен е, ведар и полн со енергија. Научил да плива сам, а минатата година станал член на Пливачкиот клуб Спид од Сараево.

Тој денес без проблем може да преплива олимписки базен, иако некогаш се плашел од вода. Во вода може да влезе сам, а има и техника за да излезе.

Неговиот тренер Амел Капо вели дека работата со Исмаил е доста различна, меѓутоа тој се воодушевува од тоа колку брзо Исмаил учи и напредува, а Амел го опишува како лик од цртаните.

„Ме потсеќа на Хулк. Тој е силен и полн со енергија кога ќе го погледнете, а во душата е добар и нежен“, вели Амел.

Исмаил на натпреварот во Хрватска пливал во категоријата 50 метри грбно.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот