X
 29.05.2017 Технологија

Како да ги вратите испратените пораки од „Gmail“?

Ако го користите интернет сервисот на „Google“ за електронска пошта, може добро да Ви дојде една кратка лекција за откажување на испраќањето на пораките откако веќе сте кликнале „Send“.

гмеил


Веројатно сте се нашле во ситуација да пратите порака на грешна адреса, на повеќе адреси или едноставно сте се предомислиле за содржината на пораката. Оваа опција „Gmail“ ја има подолго време, но голем број луѓе не знаат како да ја активираат.

Опцијата е потребно да ја активирате пред да ја користите. Кликнете на иконата во горниот десен агол на „Gmail“ и отворете го паѓачкото мени. Изберете „Settings“, потоа под табот „General“ - „Enable Undo Send“, и на крај - колку долго ќе можете да ја откажете веќе испратената порака (меѓу 5 и 30 секунди).

Дојдете до дното на страницата и зачувајте ги промените. Погледнете го ова илустрирано во видео.


Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија